На 10.09.2024 во 12;30 часот во гостиварско Дебреше и во 22:00 часот во населба Млаки во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение Галате и ОВР Гостивар ги лишиле од слобода С.С.(36) од Дебреше и А.К.(43) од гостиварско Леуново.
Тие се сомничат дека во текот на последниот месец извршиле повеќе тешки кражби во куќи и магацини на подрачјето, од каде што одзеле повеќе предмети.
Тие се задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.