На 09.03.2024 околу 07:40 часот во Кавадарци од страна на полициски службеници од Полициска станица Кавадарци биле приведени В.С.(32) и А.Р.(26), двајцата од Кавадарци, поради тоа што при извршена проверка во нивните патнички возила „хјундаи“ и „сеат“ со кавадаречки регистарски ознаки, биле пронајдени и одземени дабови огревни дрва.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.