Хроника „Деве баир“

Приведени двајца Турци, приложиле фалсификувани зелени картони

Тие биле предадени на полициски службеници во ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка. 

Приведени двајца Турци, приложиле фалсификувани зелени картони

На 27.12.2023 во 13:00 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, полициски службеници го лишиле од слобода О.Л.(62) од Република Турција затоа што при пасошка контрола на увид приложил фалсификуван зелен картон за товарното возило „форд“ и полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал.

Тој бил предаден на полициски службеници од ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка.

 

На 27.12.2023 во 13:30 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, полициски службеници го лишиле од слобода Ј.К.Ц.(60) од Република Турција затоа што при пасошка контрола на увид приложил фалсификуван зелен картон за товарното возило „мерцедес“ со турски национални ознаки, кое го управувал.

Тој бил предаден на полициски службеници во ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка.

To top