Хроника лицата се спроведени во кпу

Приведени двајца криминалци од Куманово за издржување затворски казни

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.С.(39) и М.И.(31), двајцата од Куманово.

Приведени двајца криминалци од Куманово за издржување затворски казни

С.С. бил осуден на казна затвор од 10 години за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“ по член 237 и 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централнa потерница врз основа на судска наредба за доиздржување на две години и осум месеци од казната.

М.И., исто така, бил баран по централнa потерница врз основа на судска наредба, за издржување на затворска казна од шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицата биле спроведени во Казнено-поправна установа Затвор К’шање за издржување на казните.

To top