Хроника мвр

Приведена скопјанка барана со потерница- била осудена на затвор од 1 година и 8 месеци

Приведена скопјанка барана со потерница- била осудена на затвор од 1 година и 8 месеци

На 30.10.2024 во 10.40 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје во содејство со полициски службеници од ОКР Карпош на ул.„Зендел Џемаил“ во Скопје ја лишија од слобода О.С. (47) од Скопје, која се барала со потерница поради бегство од КПУ Затвор Идризово, а била осудена на казна затвор во траење од една година и осум месеци за сторено кривично дело по чл.247 од КЗ на РСМ.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

To top