Хроника

Приведена гостиварка на „Табановце“, автомобилот кој го управувала се барал од Интерпол

Приведена гостиварка на „Табановце“, автомобилот кој го управувала се барал од Интерпол

На Граничниот премин Табановце, на излез од државата, во 3 часот утринава полициски службеници ја лишиле од слобода Т.О.(37) од Гостивар, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека патничкото возило „пежо“ со српски национални ознаки, кое го управувала, било предмет на потрага од Интерпол-Р.Србија, односно пријавено е дека било одземено.

Таа била задржана во Полициската станица Куманово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Најнови вести од Хроника

To top