На 17.04.2024 во 13.20 часот, полициски службеници од Полициското одделение Петровец го привеле Т.М.(34) од скопско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал својата 30-годишна сопруга, информира МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.