Хроника

Приведен тетовец за издржување на тригодишна казна затвор

Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Приведен тетовец за издржување на тригодишна казна затвор

Полициски службеници од СВР Тетово денеска во 11 часот го привеле Џ.А. од Тетово.

Тој бил баран со централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

To top