На 30.09.2024 во 20.10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.В.(59) од Скопје.
-Тој се сомничи дека, по претходна расправија околу паркинг место, со своето патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки го удрил М.А.(19) од Скопје и му нанел повреда. Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје, информира МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.