Денеска (09.06.2025) во 00.35 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го привеле В.Т.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека физички ги нападнал неговата 36-годишна партнерка и нивниот малолетен син, информира МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.