На 07.10.2024 во 18.25 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода В.Ч.(59) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ги нападнал неговата 53 – годишна сопруга и нивниот 35 – годишен син и им се заканувал со остар предмет.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.