Хроника мвр

Приведен радовишанец: Возел мопед со 2.02 промили алкохол во крв и удрил во малолетничка

Лицето било задржано во полициска станица, а увид извршила увидна екипа на ОВР Радовиш.

Приведен радовишанец: Возел мопед со 2.02 промили алкохол во крв и удрил во малолетничка

Вчера во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го привеле Б.З.(40) од Радовиш.

Во 14.45 часот на крстосница од ул.„Плачковица“ и ул.„Мирче Ацев“ во Радовиш, управувајќи мопед „томос“ со 2,02 промили алкохол во крвта, тој удрил во деветгодишно девојче од Радовиш, која се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Итна медицинска помош Радовиш, соопшти МВР.

Лицето било задржано во полициска станица, а увид извршила увидна екипа на ОВР Радовиш, потенцираат во соопштението.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top