Хроника ВИДЕО

Приведен насилникот од Радовиш кој тепаше бремена жена во живо на „ТикТок“

Приведен насилникот од Радовиш кој тепаше бремена жена во живо на „ТикТок“

Припадници на министерството за внатрешни работи го привеле насилникот од Радовиш кој тепаше жена, а насилството го пренесуваше во живо на социјалната платформа „Тик Ток“.

Лицето веднаш е однесено во станица, потврдуваат од МВР.

Вознемирувачкото видео се прошири на социјалните мрежи, а извори велат дека насилникот не ја малтретирал само бремената жена, туку и нејзините деца.

На снимката се гледа како насилникот постојано ја пцуе и тепа жената, за која се тврди дека е бремена.

На социјалните мрежи се шират и други видеа од истиот насилник кој ја малтретира бремената жена, против истиот веќе има активен судски спор бидејќи претходно малтретирал и друга жена.

To top