На 17.02.2024 во 16:30 часот во с.Никуштак, општина Липково, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(34) од село Гошинце, општина Липково.
При преглед на патничко моторно возило „мерцедес вито” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени повеќе бали со тутун за кој не поседувал никаква документација.
С.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.