Денеска (10.03.2024) во 02:20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Т.(41) од Неготино.
Приведен е поради постоење основи на сомнение дека околу 01:45 часот опожарил врата од стан каде престојувала неговата 35-годишна сопруга со која биле во бракоразводна постапка.
Претходно му упатувал закани на нејзиниот партнер.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.