Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (15 февруари) околу 11:00 часот во тетовско Милетино го привеле 40-годишниот Н.М. од ова село.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.