Хроника Тетово

Приведен малолетен крадец, украл „Мерцедес“

Кај малолетникот, исто така, биле пронајдени и одземени и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од извршени кражби.

Приведен малолетен крадец, украл „Мерцедес“

Ноќеска (1 февруари) околу 2 часот и 45 минути на улица „ЈНА“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово, кој претходно од паркинг на улица „Димо Гавровски-Кара“ во Тетово, противправно одзел патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на 57-годишниот Н.Е. од тетовска Стримница.

Возилото е пронајдено на улица „Мирче Ацев“ во Тетово, извршен е увид и вратено му е на сопственикот.

Кај малолетникот, исто така, биле пронајдени и одземени и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од извршени кражби.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен законски предвидениот поднесок.

To top