Околу 21.10 часот на автопатот А1, полициски службеници дале знак за запирање на возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, но тој продолжил со движење и откако се исклучил на регионалниот пат застанал во близина на клучка Караслари и од возилото излегле неколку лица. Набргу, по преземени мерки, биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија, по што бил пронајден возачот и возилото. За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против А.Е. ќе биде поднесена соодветна пријава.