На 09.10.2024 во 23.40 часот во село Ангелци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.П.(22) од село Ангелци.
-Тој бил осуден на три години и шест месеци казна затвор за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“, а било баран по потерница за доиздржување на три години и два месеци од казната, информира МВР.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.