На 05.06.2024 во 23.45 часот, полициски службеници од Отсекот за општ криминалитет при СВР Велес го лишиле од слобода А.Н.(42) од село Сојаклари, велешко.
-При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека ги одзел од фирма во Велес во која бил вработен, информира МВР.
Одземеното било вратено на сопственикот, а А.Н. бил задржан во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.