На 17.12.2023 во 21.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(25) од Куманово.
Тој се сомничи дека на улицата „Средорек“ во Куманово од приватен имот одзел предмети.
-С.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информира МВР.