На 23.12.2023 во 10:40 часот во Дебар, полициски службеници го лишиле од слобода С.С.(66) од Република Албанија.
Тој, е затекнат при кражба во деловен објект лоциран на улицата „100“ во Дебар.
Против него, по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.