Хроника Свети Николе

Приведен крадец, расчистени 10 кривични дела „тешка кражба“

По целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Приведен крадец, расчистени 10 кривични дела „тешка кражба“

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Свети Николе при СВР Штип расчистија 10 кривични дела „тешка кражба“ извршени на 10.03.2024 од продажни објекти во Градскиот пазар во Свети Николе од каде биле одземени разни предмети и пари.

Поради постоење основи на сомнение дека ги извршил кривичните дела од слобода е лишен В.Б.(41) од Свети Николе. Тој бил задржан во Полициска станица и во службен разговор ги признал кривичните дела, а поголем дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани.

По целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

To top