На 13.02.2024 во 20:40 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Т.В.(66) од Охрид.
Тој бил затекнат при извршување кражба од објект во изградба на улица „Кленоец“ во Охрид, при што одзел повеќе предмети.
Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.