На 04.12.2024, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во домот на М.С.(19) од Скопје, на подрачјето на Гази Баба.
При претресот е пронајдена и одземена марихуана. М.С. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.