Хроника мвр

Притвор за млад скопјанец кој признал разбојништва во филијали за брзи кредити

Лицето е задржано во полициска станица и во службен разговор ги признал делата.

Притвор за млад скопјанец кој признал разбојништва во филијали за брзи кредити

На 26.10.2025 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.А.(25) од Скопје.

Тој се сомничи дека на 15.08. и 18.08.2025 извршил разбојништва во две подружници на финансиски друштва на подрачјето на ЕВР Центар и Бит Пазар, односно дека со закана со пиштол одзел пари, соопшти МВР.

Лицето е задржано во полициска станица и во службен разговор ги признал делата.

Во координација со јавен обвинител, против него е поднесена кривична пријава по итна постапка, а судија на претходна постапка му определи мерка притвор од 30 дена.

Лишено од слобода лице од Скопје, признал две разбојништва во филијали за брзи кредити, поднесена му е кривична пријава…

Posted by Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme on Понеделник, 27 октомври 2025

Најнови вести од Хроника

To top