СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Ч.(28) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.
На 09.08.2024, пријавениот влегол во домот на Џ.М. во Тетово и со закана со нож одзел пари.
Тој бил приведен, а судија на претходна постапка од Основен суд Тетово му определи мерка притвор во траење од 30 дена и тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје.