СВР Битола поднесе кривична пријава против И.А.(36) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 27.11.2024 во Прилеп, пријавениот физички нападнал малолетник, кој бил со уште двајца малолетници, по што со остар предмет им упатувал закани.