На 25.02.2024 во 08:45 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека при претрес на просторијата на осуденикот Б.А.(40) од Струмица била пронајдена прашкаста материја.
Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип извршиле увид и ја подигнале прашкастата материја за понатамошна постапка.
За настанот е запознаен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против Б.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.