Хроника Се преземаат мерки

Превезувал мигранти и направил сообраќајка, три лица се повредени

По незгодата, возачот на возилото „ауди“ и неколку мигранти го напуштиле местото, а по преземени мерки во близина биле пронајдени две лица мигранти од Сирија.

Превезувал мигранти и направил сообраќајка, три лица се повредени

На 01.12.2023 околу 08:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Валандово – Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди а8“ со гевгелиски регистарски ознаки, во кое биле превезувани илегални мигранти и патничко моторно возило „фолксваген туран“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Ѓ.(25) од с.Пиперово, струмичко.

По незгодата, возачот на возилото „ауди“ и неколку мигранти го напуштиле местото, а по преземени мерки во близина биле пронајдени две лица мигранти од Сирија.

Тие биле сместени во Прифатен центар за странци во Скопје, а возилото „ауди“ било одземено. Во незгодата со повреди се здобиле возачот на возилото „фолксваген туран“ и неговите сопатници Р.П.(36) и С.С.(44), двајцата од Струмица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

To top