На 29/30.03.2024 од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје биле извршени претреси со судска наредба во два стана на подрачјето на Центар и Карпош, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и две дигитални ваги, а од слобода била лишена Л.Ј.(54) од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.