На 27.10.2024 во 16.40 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Н.И.(26) од Виница.
При претрес во неговиот дом и неговото патничко возило „форд фокус“ со винички регистарски ознаки, извршен со судска наредба од Основен суд Виница, пронајдени биле и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, марихуана, и други предмети.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.