Хроника

Претрес во Тетово, пронајдена марихуана, приведен дилер од Шипковица

Претрес во Тетово, пронајдена марихуана, приведен дилер од Шипковица

На 28.02.2024 околу 23.25 часот во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 41-годишниот А.А. од тетовска Шипковица.

При претрес во домот во кој времено престојувал во Тетово, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top