На 28.02.2024 околу 23.25 часот во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 41-годишниот А.А. од тетовска Шипковица.
При претрес во домот во кој времено престојувал во Тетово, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.