На 25.10.2024 полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.Џ.(46) од Тетово, затоа што при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин и непозната супстанца.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.