Министерство за внатрешни работи соопшти дека на 03.04.2024 во 17.30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода И.Б.(58) и В.Б.(25), двајцата од Тетово.
При претрес во нивниот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со хероин, стои во соопштението на МВР.
Тие потенцираа дека лицата се задржани во полициска станица и по расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.