Хроника ПРЕТРЕС

Претрес во Скопје, пронајдени амфетамин, марихуана и пиштол (ФОТО)

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава.

Претрес во Скопје, пронајдени амфетамин, марихуана и пиштол (ФОТО)

Денеска (16.11.2023) во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.Ц.(31) и А.Н.(19), двајцата од Скопје.

При претрес во домот каде што престојувал Г.Ц., извршен со судска наредба, а во кој била затекната и А.Н., пронајдени се и одземени над два килограми амфетамин, околу половина килограм марихуана, дигитална вага, пари и пиштол.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава.

To top