На 26.06.2024 полициски службеници од СВР Битола извршиле претрес во две куќи во Битола сопственост на Џ.М.(22) и И.М.(23), двајцата од Битола, при што на двете локации пронајдени се четири најлонски паковки со марихуана.
Лицата се приведени во полициска станица Битола и по документирање на настанот ќе следува соодветна кривична пријава.