Полициски службеници од СВР Битола денеска го лишиле од слобода М.Т.(19) од Битола.
-Имено,по добиена наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во домот и помошните простории кај М.Т.(19) од Битола, информира МВР.
При претрес во домот пронајдена е марихуана, дигитална вага со траги од марихуана, метална дробилка, како и пиротехнички средства.
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.