На 14.02.2024 во 11:10 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.А.(24) од Куманово.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.