Хроника Поднесена кривична пријава

Преку балкони влегувал во станови и ги ограбувал, крадец доби притвор

Денеска (22.07.2024) лицето е изведено пред судија на претходна постапка во Основен кривичен суд Скопје, кој му одредил мерка притвор во траење од осум денови.

Преку балкони влегувал во станови и ги ограбувал, крадец доби притвор

Денеска (22.07.2024) од страна на полициски службеници од ОКР Центар-Бит Пазар при СВР Скопје до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка против Г.В. (21) од Штип во врска со три кривични дела, од кои едно „тешка кражба на дрзок начин“ и две „тешки кражби во обид“.

Г.В. кривичните дела ги извршил влегувајќи во станови во Скопје преку балконите, и тоа на 15.07.2024, на 20.07.2024 и на 21.07.2024, по што е лишен од слобода во ПС ОН Центар.

Денеска (22.07.2024) лицето е изведено пред судија на претходна постапка во Основен кривичен суд Скопје, кој му одредил мерка притвор во траење од осум денови.

To top