Хроника мнр се огласи

Познат идентитетот на загинатата македонска државјанка во тешката сообраќајка во Грција

Засегнати се и три наши државјанки, сопатници на починатата, А.К (2000) и М.Р (2000), кои добиле тешки повреди и И.Ј (1999) која не е повредена, при што се соодветно хоспитализирани, информираат од МНР.

Познат идентитетот на загинатата македонска државјанка во тешката сообраќајка во Грција

Министерството за надворешни работи ја потврди информацијата за смртта на македонската државјанка, која го загуби животот денеска во тешка сообраќајка во Грција.

-Во текот на денешниот ден, во 12 часот (локално време), на автопатот Егнатиа, во Република Грција, се случила тешка сообраќајна несреќа, во која за жал, М.Н. (1995), државјанка на Република Северна Македонија го изгуби животот. Засегнати се и три наши државјанки, сопатници на починатата, А.К (2000) и М.Р (2000), кои добиле тешки повреди и И.Ј (1999) која не е повредена, при што се соодветно хоспитализирани, информираат од МНР.

Од Министерството додаваат дека претставниците на Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун, кои од времето на настанатата трагедија беа во контакт со блиски на жртвата, остануваат на располагање за асистенција во врска со преносот на останките на починатата во земјата.

Генералниот конзулат останува во постојана комуникација со надлежните институции и на располагање на повредените наши државјанки и нивните семејства при евентуална потреба за помош, до нивното враќање дома.

To top