Хроника следува пријава

Познат идентитетот на убиената жена во Росоман, 27 годишниот син убиец сам се пријавил

Познат идентитетот на убиената жена во Росоман, 27 годишниот син убиец сам се пријавил

Полициски службеници од ОВР Кавадарци денеска го лишија од слобода И.Р.(27) од Росоман.

-Во СВР Велес тој сам пријавил дека утрово околу 07:30 часот во семејниот дом со употреба на остар предмет и нанел убодни рани на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди починала. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци, информира МВР.

Увид на местото вршат јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и увидна екипа од ОВР Кавадарци.

To top