Хроника во тетово

Повредени малолетник и 21 годишник откако паднале од мотор

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од с.Батинци, општина Студеничани, додека со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клинички центар Тетово, информира МВР.

На 03.02.2024 околу 17.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на бул.„Илинденска“во Тетово, Д.Г.(21) од с.Долно Седларце, тетовско, управувајќи мотоцикл „јамаха“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од с.Батинци, општина Студеничани, додека со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клинички центар Тетово, информира МВР.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.

To top