Хроника

Повредени двајца малолетници, се судриле со мопедите

Повредени двајца малолетници, се судриле со мопедите

На 24.07.2024 во 21.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Штип–Кочани, во близина од крстосница од ул.„Брегалничка“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „чемп“ и мопед „лонџиа“, двата со штипски регистарски ознаки, управувани од двајца малолетници од Штип.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот кој го управувал мопедот „чемп“, а другиот малолетник се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

To top