Според полициското соопштение,вчера околу 10 часот, во СВР Охрид било пријавено дека рано изутрината околу еден часот во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, со возило на Службата за итна медицинска помош била донесена Р.Б.(78), во придружба на нејзиниот син Н.Б.(44), двајцата од Бугојно, БиХ.
Според пријавеното, непосредно потоа Н.Б. ја напуштил болницата, додека Р.Б. набрзо починала. Лицето Н.Б. било пронајдено на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид и лишено од слобода.
Телото на починатата е дадено на обдукција. Во координација со јавен обвинител, полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.