На 22.09.2024 во 23:50 часот во СВР Скопје, Ж.П.(49) од населба Илинден, скопско, пријавила дека околу 23:30 часот во населба Илинден, поради нарушени семејни односи, била физички нападната од Г.Д.(50) од истата населба.
Додека пак, денеска (23.09.2024) во 00:40 часот во СВР Скопје, Г.Д.(50) пријавил дека околу 00:00 часот на паркинг место на подрачјето на населба Илинден бил физички нападнат од С.П..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.