Хроника Претрес

Полицијата влезе во струшко Подгорци, уапсено едно лице

Полицијата влезе во струшко Подгорци, уапсено едно лице

На 16.02.2026 во 10:30 часот во струшкото село Подгорци, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга го лишија од слобода Д.Р.(28) од истото село.

-При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и куршуми различен калибар, информира МВР.

По целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

To top