Хроника

Полициски билтен: Маж нападнат од вонбрачната партнерка, жена од екс партнерот, брат ја нападнал сестра си

Од МВР информираат дека за сите случаи се превземаат мерки и по нивно целосно документирање ќе следува соодветен поднесок.

Полициски билтен: Маж нападнат од вонбрачната партнерка, жена од екс партнерот, брат ја нападнал сестра си

Неколку физички напади проследени со закани се најдоа во денешниот полициски билтен.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека 46 годишна жена од скопско село вчера попладне го пријавила својот брат во полиција.

Жената пријавила дека по претходни недоразбирања, била физички била нападната од нејзиниот брат Б.П.(42).

Во СВР Скопје, вчера околу 22:20 часот, 27-годишна жена пријавила дека на 03.03.2024 на подрачјето на Карпош, нејзиниот поранешен партнер С.Т.(26) физички ја нападнал и ѝ упатил закани.

Вчера во 16.30 часот во СВР Скопје, 52-годишен маж пријавил дека на 03.03.2024 околу 20.30 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, физички бил нападнат од неговата вонбрачна партнерка В.Г.(47) од Скопје.

Од МВР информираат дека за сите случаи се превземаат мерки и по нивно целосно документирање ќе следува соодветен поднесок.

To top