Вчера во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово ги лишиле од слобода В.Ц.(30) од Куманово и Е.С.(32) од Скопје.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „фолксваген венто“, кое го управувал В.Ц. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 1.69 промили алкохол во крвта, соопшти МВР.
Додека, при контрола на патниот сообраќај и возилото „бмв“, кое го управувал Е.С., било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 1.84 промили алкохол во крвта, потенцитаат од Министерството за внатрешни работи.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.